Срамна тепачка во ЛА… Рондо го плукна Крис Пол, па се приклучи и Кармело Ентони (ВИДЕО)

Возбудливиот НБА натпревар меѓу ЛА Лејкерс и Хјустон синоќа беше заокружен и со инцидент на нешто помалку од пет минути пред крајот.

Во финишот на мечот, Брандон Инграм го оттурна Џејмс Харден од зад грб, па предизвика мешаница. Па, сето тоа потоа донесе и физичка пресметка меѓу Раџон Рондо и Крис Пол. Притоа Рондо во неколку наврати и го плукна Пол, по што на тоа слеп не можеше да остане Кармело Ентони…

„Што да ви кажам. Тоа што го направи Рондо не се прави ниту на улица. Не можете само така да ги плукате противничките кошаркари“ – рече по мечот Мело.

Во тепачката учествуваше и Инграм па на крајот сите тројца добија исклучување, а ги очекува и парична казна и суспензија…

Се вчитува...