ФК Борец: Чист недосуден пенал против Работнички, проценете сами! (ВИДЕО)

Борец ремизираше (1-1) со Работнички во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига во натпревар во кој, како што велат велешани, им била украдена победа од судиската тројка.

Од ФК Борец реагираат на судењето на денешниот дуел, потенцирајќи дека нивниот клуб буквално во секое коло од актуелнава сезона е на некој начин оштетен. Токму поради тоа бараат поголема дебата во јавноста околу судењето во македонскиот фудбал како би се подигнало нивото на истиот…

СООПШТЕНИЕТО ОД ФК БОРЕЦ ВИ ГО ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

Ова беше седмо коло во ПМФЛ и на секој натпревар можеме да кажеме дека има спорен момент на наша штета. 

Во првото коло имаме недолично однесување од судија кон нашата клупа и нашите играчи и неколку спорни офсајд напади на наша штета. Второ коло црвен картон и беспотребни жолти картони за обични прекршоци на центар или во противничка половина. Трето коло повторно црвен картон за старт на центар кога играчот е свртен со грб. Четврто коло повторно пенал (имало допир?). Петто коло се плашевме да нападнеме противнички играч поради фактот дека секој допир е прекршок или пенал (и тоа се случи, секој допир е суден прекршок за противникот и старт за пенал кој на микроскопска анализа и снимка имало намера за допир?). Шесто коло, повторно пенал затоа што имало допир со рака а на видеото и со микроскоп не се гледа удар со рака и притоа примен трет гол од чиста офсајд позиција што јасно се гледа на видеото и ситуација на 0-0 досуден непостоечки офсајд кога нашиот играч е очи во очи со голманот. И, седмо коло ситуација за пенал која може да ја проценете и сами?

Со ова не сакаме да се правдаме, едноставно сакаме фудбалска и судиска дебата и сакаме подеднаков критериум на сите судии и на секој натпревар. Само така ќе имаме професионализам и фудбалски ќе успееме да го подигнеме нивото на македонскиот фудбал.

Се вчитува...