ФК Пелистер слави 75 години

Фудбалскиот клуб Пелистер слaви 75 години постоење и по тој повод раководствто на клубот го одбележа јубилејниот роденден и најави еднонеделна програма во Битола. Поради претпазливоста од коронавирусот се е поместено за следната седмица, а планирани се неколку манифестации од спортски, културен и хуманитарен карактер.

Предвиден е и натпревар меѓу ветераните на ФК Пелистер, а на 15 март е закажана свечена церемонија во „Центарот за Култура“ во Битола на која ќе бидат поканети фудбалери од сите генерации.

Се вчитува...