ФК Пелистер: Заминуваат четворица фудбалери, деновиве името на новиот тренер

По завршувањето на сезоната во Втората македонска фудбалска лига, Пелистер се одлучи да се раздели со четворица свои досегашни фудбалери.

За новата 2023/24 сезона нема да се смета на Бурхан Мустафов, Христијан Драгарски, Томе Китановски и Љавдрим Фазлију кои го напуштаат клубот.

„Во наредните денови некои играчи ќе бидат отстапени во други клубови. Клубот им се заблагодарува и им посакува понатамошен успех. Наскоро ќе биде промовиран новиот тренер а во наредните денови и новите играчи“ – информираат од ФК Пелистер.

Се вчитува...