ФК Работнички на 120.роденден на Јувентус (ФОТО)

Генералниот секретар на ФК Работнички, Ненад Монев, имаше можност да присуствува на 120.роденден на италијанскиот гигант Торино. Тој беше поканет на натпреварот Јувентус – Беневенто кој се одигра во неделата, како и на прославата на клубот. За таа пригода им го честиташе роденденот на Јувентус со шише вино, специјално полнето и брендирано за овој роденден од винарската визба „Тиквеш“.

neno 2Подарокот го прими потпретседателот на „старата дама“, Павел Недвед.

„Беше чест да се биде дел од роденденското дружење таа вечер во Торино, со претседателот на клубот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и со колегата Генерален секретар на Јувентус, Маурицио Ломбардо“, вели Генералниот секретар на Работнички, Ненад Монев, за официјалниот сајт на ФК Работнички.

neno 1

Овие денови се одржува првиот дел од напредната менџмент програма на ЕКА, првиот модул на кој домаќин е токму Јувентус.

neno 4

neno 3

Се вчитува...