ФК Силекс: Погледнете од видеата што „судеа“ Мечкаровски и Петрески во Прилеп!

По дуелот во Прилеп меѓу Победа и Силекс кој разви огромна „полемика“ по досудениот сомнителен пенал во корист на прилепчани, со официјално соопштение се огласија и од ФК Силекс во кое обвинуваат дека резултатот е скроен по тенденциозното судење на Мечкаровски и помошникот Гоце Петрески, а со вмешаност и на други структури и „моќници“ во ФФМ.

Од Силекс, своите аргументи ги поткрепуваат и со видео материјали од натпреварот испратени до нашата редакција. Соопштението од ФК Силекс ви го пренесуваме во целост:

Натпреварот од 29. Коло во Првата МФЛ  помеѓу  Победа и ФК Силекс  кој заврши со минимална победа на домашниот тим од 1-0  предизвика голем револт  и разочарување во нашиот клуб ФК Силекс од Кратово.

По прегледувањето на снимките од натпреварот  уште повеќе сме убедени дека  резултатот е „скроен“  по тенденциозното судење на   главниот судија Димитар Мечкаровски и неговиот асистент Гоце Петрески но и со вмешаност на други структури и  „моќници“ во  ФФМ за што говорат следните факти:

1. Во првото полувреме по стартот врз нашиот  играч  Недељковиќ  главниот судија Мечкаровски иако беше во непосредна близина  немаше храброст да досуди  пенал за ФК Силекс.  Дека постои контакт и старт убаво се гледа од забавената снимка што ја обезбедивме и ќе ја приложиме до органите на федерацијатa

2. Во 90. минута Мечкаровски досуди „измислен“ пенал кој на стадионот во Прилеп го виде само неговиот помошник  Гоце Петрески и по чија интервенција  ФК Победа доби  подарок пенал кој подоцна го реализира за триумф од 1-0.  Снимката безусловно потврдува дека нема игра со  рака и дека играчот на ФК Силекс Ацевски  се наоѓа надвор од казнениот простор кој воопшто и не беше прописно обележан.

Со приложените снимки потврдуваме дека  ФК Силекс  го загуби натпреварот во Прилеп само поради  „нарачаното“ судење   кои  го извршија Мечкаровски и Петрески.

Дека се работи за смислено сценарио говори и фактот што како првично за одигрување на натпреварот беше одреден стадионот „Под Тумбе Кафе“  во Битола за што добивме и официјален допис од ФФМ кој го приложуваме.

print skrin

За жал  по нечија интервенција во 5 до 12  местото на одигрување се менува и средбата се одигра на игралиштето  во Могила кое за ваков важен првенствен натпревар воопшто не е безбедно за што говори податокот дека одредени неслужбени лица по завршувањето на средбата лесно се најдоа на теренот, а и по обид на нашиот фудбалер Гуцев да изведе аут, од публиката беше удрен со шише.

Прашање до фудбалската јавност и до стручните служби на ФФМ:

Дали смее еден фудбалски натправар да започне без прописно обележан терен за игра?

Шеснаестниците, аут и корнер линиите воопшто не беа воочливи?

По наша сугестија, делегатот на натпреварот побара од судиската екипа да го увиди недостатокот и да реагира, но тоа не беше сторено?

Ние не знаеме зошто судиската екипа не издејствува кај домакинот пропоисно обележување на теренот, за тоа очекуваме одговор од стручните служби при ФФМ.

Посебно е сомнителен фактот што за вака важен меч беше делегиран Гоце Петрески, судија  кој и покрај зрелата судиска возраст напредува со брзина на светлината како судија од задача што фрла посебна црна дамка врз неговата арбитража на средбата во Прилеп и посебно  моментот во 90-тата минута кога само тој од сите присутни на стадионот виде игра со рака во нашиот шеснаесетник.

По сите овие случувања сметаме дека ова е перфидна режија на моќниците во мак-фудбалот со цел да се исфрли ФК Силекс од битката за Европа, место кое се обидува да го обезбеди на спортски начин и само на зелениот терен.

ФК СИЛЕКС  Кратово

Се вчитува...