Флик го напушта Баерн поради Германија, познато кој ќе биде негова замена на „Алијанц“

Баерн Минхен синоќа беше елиминиран од Пари Сен Жермен во четвтфиналето од Лигата на шампионите. Очигледно и покрај големиот број на повредени играчи кои ги имаше тренерот Ханси Флик од раководството на Баварците се решени да го променат тренерот кој минатата сезона успеа да ги освои сите трофеи со клубот.

Ханси Флик се споменува како прв фаворит за преземање на позицијата селектор на репрезентацијата на Германија, а како негова замена во Баерн Минхен се наведува младиот стратег на Лајпциг, Жулијан Нагелсман.

 

Се вчитува...