Ханси Флик од денеска и официјално седна на клупата на Барселона, а поранешниот германски селектор е оптимист дека ќе успее да стигне до позитивни резултати со каталонскиот гигант.
Јасно е дека овој тим секогаш атакува на трофеи, борбата нема да биде нималку лесна против Реал засилен со Килијан Мбапе, но Флик е оптимист дека ќе може да се бори за големиот пехар во Ла Лига.
„Доаѓам во навистина огромен клуб, тоа е забележливо по само неколку часа што минав во градот и во клупските простории. Среќен сум што сум овде, максимално мотивиран за работа. Стилот на игра на кој јас инсистирам како тренер е ист како и стилот на Барса, офанзивен фудбал во кој поседот на топката е многу важен. Верувам дека ќе бележиме одлични резултати. Освојував титули со Баерн Минхен, сакам сега тоа да го повторам и со Барселона. Неопходно ќе ни биде единство, како меѓу сите фудбалери во екипата, така и целокупно, единсвено во клубот“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА