Флик: Нашата цел е да ја освоиме ЛШ

Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик, по победата над Бенфика и пласманот на неговиот тим во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, кажа дека целта на тимот е да дојде до пехарот во ова натпреварување.

Барселона со предност од 1-0 го дочека реваншот на свој терен против Бенфика, во меч во кој славеше 3-1, со сите голови постигнати во првиот дел од средбата.

„Многу сум среќен, особено што против Бенфика се однесувавме со голема почит. Нашиот противник одигра добар меч, заврши голема работа, и навистина ни беше тешко. Сега ни останува да го чекаме нашиот ривал во 1/4 финалето, и добро да се подготвиме. Секако дека ќе биде тешко против кого и да играме, но нашата цел е да ја освоиме Лигта на шампионите“, рече Флик.

Се вчитува...