Фудбалерите на Баерн Минхен славеа со 1-2 во дерби пресметката од 13. коло во Бундеслигата на гостувањето против Баер во Леверкузен.
Интересна ситуација се случи на натпреварот во која во главна улога беа тренерот на Баерн, Ханси Флик и скапо платената ѕвезда на тимот, Лирој Сане.
Во 32. минута се повреди Коман, па место него во игра влезе токму Сане. Сепак, тој на теренот беше се до 68. минута, кога Флик одлучи да го извади од игра и на негово место во игра влезе Мусиала.
Сане беше шокиран од одлуката на тренерот, па разочарано и очигледно луто го следеше остатокот од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА