Флик: Скапо ги плативме индивидуалните грешки, имаме квалитет да ја победиме Шпанија

Селекторот на германскот национален тим, Ханс Флик кажа дека сите се разочарани после поразот од Јапонија на стартот од Мундијалот за Германија.

Флик рече дека индивидуалните грешки во одбраната биле клучни за поразот, и дека Јапонија победила на начин на кој што била анализирана.

„Ова е разочарувачки. За сите нас. Во првото полувреме имавме многу шанси. Јапонија не победи со тоа што ги искористи своите прилики. Индивидуалните грешки не смеат да се случуваат. Знаевме дека Јапонија е брза во транзиција, и тие на тој начин победија. Никлас Зуле мораше да излезе порано за вториот гол. Имаме квалитет да ја победиме Шпанија, бидејќи е различен тим од Јапонија“, рече Флик.

Се вчитува...