Германскиот селектор Ханси Флик се наоѓа под огромен притисок поради слабите игри и резултати на националниот тим во изминатиот период. Септемвриските пријателски средби со Франција и со Јапонија се оценети како „последна шанса“ за Флик да докаже дека заслужува да ја води Германија на ЕП 2024, па кормиларот се реши за сериозни промени во составот за овие два меча.
Ветеранот Томас Милер повторно не е дел од плановите на селекторот, а покрај него место во германската репрезентација нема за уште еден ас на Баерн, Леон Горецка.
Тимо Вернер, кој игра се послабо и во дресот на Лајпциг, ја плати цената за слабата форма, па и тој нема да биде дел од германскиот национален тим на септемвриските натпревари.
Шанса за деби во репрезентацијата на 32-годишна возраст добива Паскал Грос, како награда за одличните игри во дресот на премиерлигашот Брајтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА