Флојд Мејведер станува сопственик на англиски премиерлигаш?

Американскиот боксер Флојд Мејведер остави можност да стане сопственик на англискиот фудбалски премиерлигаш Њукасл. Покрај тоа што беше шампион во пет различни категории, а во пензија замина без пораз, Мејведер е еден од ретките спортисти кои заработиле повеќе од милијарда долари во текот на кариерата. Судејќи по изјавата 43-годишникот нема ништо против дел од богатството да го вложи во клубот од „Сент Џејмс парк“.

„Њукасл е фантастичен клуб. Доколку луѓето сакаат да го купам клубот, само нека ми кажат“, изјави Мејведер. 

Сопственичката структура на Њукасл не е стабилна, а навивачите години наназад не се задоволни од работата на првиот човек Мајк Ешли и затоа со радост би виделе нов човек на чело на клубот.

Се вчитува...