Ако дојде Конте, ништо од Азар во Реал Мадрид

Хулен Лопетеги ќе го води Реал Мадрид на вечерашниот дуел со Викторија Плзен, но веќе станува јасно дека шпанскиот стратег ги брои последните денови на клупата на најтрофејниот европски клуб. Потрагата по негов наследник е веќе стартувана, пред извесно време се шпекулираше дека најблизу до клупата на Реал се наоѓа Антонио Конте, но тука се појави сериозен проблем – Еден Азар не сака дојде во Мадрид доколку „кралевите“ ги води неговиот поранешен тренер од Челси.

Иако во првата сезона на Конте во Англија тимот од Лондон стигна до титулата, не е никаква тајна дека трофејниот стручњак имаше нарушени односи со фудбалерите. Неговото инсистирање на што поголема дефанзива во играта е нешто што воопшто не му се допаѓа на Азар, па воопшто не беше случајно што Белгиецот по долготрајното флертување со Реал, по најавите за преземање од Конте излезе со изјава дека „би било убаво и доколку до крајот на кариерата тој си остане во Челси“.

Токму затоа сега Флорентино многу посериозно ја разгледува опцијата за Сантијаго Солари или Гути како наследник на Лопетеги, да им даде шанса на поранешните фудбалери на Реал да се докажат и на тренерски план.

Се вчитува...