Флорентино шокиран: Конте се премисли и не доаѓа во Мадрид?!

Хулен Лопетеги дефинитивно ќе добие отказ по дебаклот на „Ел Класико“, но негов наследник нема да биде Антонио Конте како што беше најавувано во претходните денови. Иако се најавуваше потписот на договорот да се случи до крајот на денешниот ден, шпанската телевизија „Ел Кватро“ прва објави дека Конте во последен момент се премислил и веќе го известил Флорентино Перез дека нема намера да дојде на „Сангијаго Бернабеу“.

Информацијата експресно ја пренесоа и двата мадридски весници, „Марка“ и „Ас“, кои важат за добро упатени во случувањата во таборот на европскиот првак, од свои извори потврдувајќи дека Конте самиот се повлекол од финализација на преговорите. Неофицијално, на трофејниот стручњак му станало јасно дека ќе има проблем со наметнување на авторитетот, па не сакал да влезе во „војна што однапред би ја загубил“.

Според „Марка“, планот за смена на Лопетеги ќе се реализира, а негов наследник во прв момент ќе биде Сантијаго Солари, поранешниот играч на Реал кој сега работи во младинската школа на „кралевите“. Во зависност од резултатите тој би можел да остане на клупата и до крајот на сезонава, а доколку експресно не се најде излез од кризата ново име што се споменува како опција за тренер на Реал е актуелниот селектор на Белгија, Роберто Мартинез.

Се вчитува...