ФМП ја шокираше Црвена звезда на стартот на новата сезона во АБА

Кошаркарите на ФМП го совладаа тимот на Црвена ѕвезда во Железник со 90-89 во првиот натпревар за двете екипи во АБА-лигата сезонава и со тоа забележаа триумф над „црвено-белите“ по цели 15 години и 45 натпревари.

Уште од самиот старт домаќините беа подобар противник, а иако големиот фаворит во финишот успеа да се врати во мечот, сепак домаќините останаа прибрани и со малку среќа стигнаа до прва победа по 45 натпревари со белградскиот тим.

Џамија Нил со 27 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Крис Џоунс постигна 19 поени.

 

Се вчитува...