Фоден: Имав 11 години кога Агуеро ја освои титулата со Сити, а сега заедно освојуваме трофеи

Манчестер Сити ја одбрани круната во Лига купот на Англија откако во финалето на „Вембли“ ја совлада Астон Вила со 2-1. За најдобар поединец на финалето беше избран младиот Фил Фоден, кој во 20.минута му асистираше на Серхио Агуеро за првиот гол на „граѓаните“.

„Нема посреќен човек од мене. Во 2012 година, кога Серхио Агуеро ја донесе првата титула на Манчестер Сити во Премиер – лигата јас имав 11 години и навивав од трибините. Сега играм заедно со Агуеро и освојуваме трофеи“, изјави Фоден.

Манчестер Сити ја загуби трката за шампионската титула со Ливерпул, но има големи изгледи да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако славеше со 1-2 против Реал Мадрид на „Сантијаго Бербнабеу“. Реваншот ќе го игра на домашен терен.

Се вчитува...