Фонсека е прв кандидат за клупата на Њукасл

Пауло Фонсека, поранешниот тренер на Рома и Шахтјор, е прв кандидат да седне на клупата на Њукасл откако Стив Брус доби отказ. Во текот на летото, Португалецот беше во контакт со Тотенхем, но неговиот сонародник Еспирито Санто го зазеде тоа место.

Во моментов, Фонсека нема работа и заинтересираните клубови не би морале да плаќаат надомест. Пауло имаше најголем успех како тренер на Шахтјор. Од 2016 до 2019 година, со тимот од Доњецк, трипати ја освои двојната круна во Украина.

По овој извонреден успех, Португалецот одлучи да замине во Рома, каде минатата сезона стигна до полуфиналето на Лига Европа. Тој заврши на седмото место на шампионатот. Тоа беше и причината зошто доби отказ, а на негово место беше донесен Жозе Мурињо.

Се вчитува...