Трката во Формула 1 за големата награда на Италија која ќе се вози во Монца поради пандемијата од коронавирусот ќе се одржи без публика, потврди организаторот. На сите навивачи кои што купиле билети за трката, парите ќе им бидат вратени. Откако во 1950 година почна шампионатот во Формула 1, само трките за ГН на Италија и Велика Британија се одржуваа секоја година.
„Трката во Формула 1 за големата награда на Италија во Монца, од 4. до 6. септември ќе се одржи без публика“, се наведува во соопштението.
Досега во годинашниот шампионат без извозени три трки, а четврттата на програмата е во недела за Големата награда на Велика Британија на Силверстоун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА