Формула 1 го потврди правилото за дополнителен бод за најбрз круг

Формула 1 потврди дека ќе го промени системот на бодување од претстојниот шампионат со тоа возачот кој ќе го има најбрзиот круг во текот на трката ќе добива бод. Промената е направена како дел од обидите спортот да стане попривлечен и да има поголема публика.

Дополнителниот бод ќе биде доделуван само ако пилотот кој го постигнал најбрзиот круг заврши меѓу десетте најдобри на трката.

Ф1 денеска го одобри правилото кое минатата недела помина на Советот на ФИА. Новиот бодовен систем ќе почне да се применува веќе од недела за кога е закажан почетокот на новата Формула 1 сезона. Шампионатот почнува стандардно во Австралија.

 

 

 

Се вчитува...