Формула 1 може да почне: Ниту еден позитивен од 4.000 тестирани

Формула 1 може да почне. Ниту еден позитивен резултат од тестирањата на Ковид-19 во австрискиот Спилберг каде утре ќе се вози првата трка од Ф1 сезонава.

Вкупно 4032 возачи, членови на тимови и вработени во Ф1 беа тестирани на коронавирусот изминатата недела, во пресрет на Големата награда за Австрија.

„Ниту еден позитивен од 4032 теста“ – објави Формула 1.

За оваа скратена сезона во Ф1 пропишани се строги хигиенски услови. Освен обврската за носење маска, сите учесници се строго поделени во групи во кои не е дозволен меѓусебен контакт. Трките, првата на 5. јули, а втората на 12. јули, ќе се одржат без гледачи. Сите кои имаат пристап на патеката ќе мора да минуваат низ тест на Ковид-19 на секој пет дена.

По оваа трка во Австрија, Формула 1 планира до крајот на сезоната да организира најмалку 15 трки.

Се вчитува...