Формула 1 по стапките на НБА: Изгласан „селари-кеп“

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) го прифати пакетот за намалување на трошоците во Формула 1, што значи дека тимовите во 2021 година наместо 160 милиони, ќе бидат ограничени на 132 милиони евра.

Договорено е таа цифра од година во година да се намалува. Во 2022. би требало да изнесува 127,5 милиони евра, а од 2023. до 2025. година 123 милиони евра. ФИА со оваа одлука покрај тоа што сака да ги намали трошоците, таа сака да ја зголеми конкурентноста и да не дозволи доминација на само еден тим, што е случај во последната деценија.

Втората голема одлука која беше донесена е воведувањето на „аеро хендикеп составот“ за успешни екипи. Тоа значи дека на тимовите ќе им биде ограничено развивањето на болидот во однос на пласманот во првенството. Со ова правило послабите тимови ќе имаат можност да им се доближат на тие што се во самиот врв.

Се вчитува...