Фоски: Жал ми е за Несторовски, ама трансферот во Удинезе беше само шега

Непосредно пред крајот на предниот рок во Италија интензивно се пишуваше за можен трансфер на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во Удинезе.

Но, според техничкиот директор на Палермо, Рино Фоски сето тоа било само една голема шега…

„Несторовски во Удинезе? Никогаш ниту бил блиску до Удине, никогаш и немало вистински преговори. Навистина ми е жал за Несторовски, но тоа беше само шега. Не ги разбирам другите клубови… Не може да понудите смешна сума на пари за заем и да сакате да добиете фудбалер кој е на едно високо ниво за без пари. Несторовски е фудбалер кој игра на високо ниво, тој е репрезентативец и не треба така да се третира. Но, се уште е отворен странскиот пазар и до крај на трансфер периодот ништо не се знае. Ќе видиме“ – вели Фоски.

Италијанците, сега пак информираат дека француски Бордо отворил преговори за ангажман на Несторовски. Но, и сето тоа е запрено по вчерашниот отказ на тренерот Густаво Појет.

Се вчитува...