Фостер честеше, Арсенал си победи

Арсенал ја задржува четвртата позиција на табелата во англиската фудбалска Премиер-лига откако дојде до 20-та сезонска победа со минималниот триумф од 1-0 на гостувањето кај Вотфорд во последниот натпревар од 34. коло.

Обамејанг уште во десеттата минута го постигна едниствениот гол на натпреварот. Беше тоа огромна грешка на домашниот голман Фостер. Во обид да дегажира, дозволи Обамејанг да гп блокира, а топката отседна во мрежата. Вотфорд само една минута подоцна остана со играч помалку на теренот поради црвениот картон на Трој Дини.

Вотфорд е на 10. позиција на табелата.

 

Се вчитува...