Фостер: Згрешив, а Обамејанг е брз како стрела

Вотфорд загуби од Арсенал со 0-1, а главен виновник за поразот беше голманот Бен Фостер. Неговата кардинална грешка во десеттата минута ја искористи Пјер Емерик Обамејанг, го блокираше голманот на Вотфорд на дегажман и топката отседна во мрежата.

Фостер им се извини на соиграчите на навивачите за големиот кикс.

„Згрешив кардинално. Им се извинив на соиграчите и на навивачите. Играта со нога не е моја најсилна страна, но Обамејанг е брз како стрела“, изјави голманот на Вотфорд по огромната грешка и поразот од Арсенал.

Се вчитува...