ФОТО: Дејан Манасков во Келн, ќе ја брани честа на Македонците на Ф4

Дејан Манасков со тимот на Веспрем допатува во Келн, каде утре ќе излезе на мегдан со Кил во полуфиналето од Лигата на Шампионите,на Ф4 турнирот за сезоната 2019/2020.

Во последните години се навикнавме Вардар да биде дел од овие битки за европскиот ракометен трон, тука беа и судиите Начевски – Николов, како и Кире Лазаров, една година и Борко Ристовски… но овојпат Манасков ќе биде единствениот Македонец во „Ланксес Арена“.

Врз ракометарите на Веспрем веднаш по пристигнувањето беа извршени нови Covid-тестови, а до добивањето на резултатите сите остануваат изолирани во собите. Откако ќе ги добијат резултатите, тие ќе можат да одржат тренинг во „Ланксес Арена“, каде утревечер во 20.30 часот ќе излезат на терен против Кил.

Претходно, во првото полуфинале во 18 часот силите ќе ги одмерат ПСЖ и Барселона.

Се вчитува...