ФОТО: Елмас и соиграчите со специјални дресови – во чест на Марадона

Наполи уште долго ќе жали по Диего Армандо Марадона, a управата на „наполитанците“ најде нов начин за посвета на починатата фудбалска легенда.

Откако на дуелот од ЛЕ со Ријека сите фудбалери на Наполи излегоа  со „десетки“ на грбот со името на Марадона, за вечерашното дерби со Рома е подготвен специјално дизајниран дрес – во чест на Диего Армандо.

Станува збор за дрес во сино-бела боја, што потсетува на аргентинскиот национален тим, што Елиф Елмас и неговите соиграчи ќе го носат на пресметката со „римската волчица“.

Се вчитува...