Фото-финиш на Бетис за елиминација на Рајо од Купот на кралот

Бетис и се приклучи на Валенсија во финалето од Купот на кралот откако во двомечот против Рајо Валекано славеше со вкупно 3-2. Екипата на нашиот Столе Димитријевски беше на чекор до изборување на продолжение, но домаќините во 92. минута успеаја да се пласираат во последната борба за големиот трофеј.

Рајо Валекано стигна до предност во 80. минута преку Бебе кој изведе перфектен слободен удар, а херојот на „зелено-белите“ е Борја Инглезиас кој во втората минута од судиското продолжение успеа да го совлада Зидан на голот за големо славје. Македонскиот интернационалец Столе Димитриевски мечот го проследи од клупата.

 

Се вчитува...