Фото-финиш на Миленковиќ – Фиорентина ја елиминираше Аталанта од Купот на Италија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина се пласираа во полуфиналето од Купот на Италија откако во драматичен финиш славеа на гостувањето кај Атланта со 2-3 благодарение на голот на српскиот интернационалец Никола Миленковиќ во 93. минута од мечот.

Гостите беа први кои поведоа преку Пјонтек во 9. минута од натпреварот, но на полувремето резултатот гласеше 1-1 откако Запакоста успеа да постигне гол во 30. минута. Аталанта во 56. минута преку Бога успеа да направи целосен пресврт, но не и да го задржи водството.

Пјонтек промаши пенал во 71. минута, но беше сигурен по одбивање на топката за 2-2, а кога се чинеше дека регуларниот дел од мечот ќе заврши со реми на сцена настапи Миленковиќ кој со одличен удар надвор од шестнаесетникот ја затресе мрежата во третата минута од судиското продолжение.

 

Се вчитува...