ФОТО: Македонија држи дистанца, ниту еден од соседите не оди на ЕП

Македонската репрезентација обезбеди пласман на ЕВРО 2021, а во услови на коронавирус вредно е да се одбележи и дека нашиот национален тим одржува и социјална дистанца, бидејќи ниту една од соседните селекции не обезбеди пласман на европскиот шампионат.

Веднаш се појави и мапа од Европа на која земјите со билет за ЕП се обоени во сина боја. На неа, добро се гледа како Македонија „држи социјална дистанца“ бидејќи ниту една од државите во близина нема да бидат дел од континенталниот собир.

Се вчитува...