ФОТО НА ДЕНОТ: Автостоп – Битола виа Љубљана до Познањ!

Фудбалерите на Пелистер имаат денеска вистинско патешествие во желбата да стигнат до Познањ каде во четврток ги очекува првиот натпревар од Лигата на Европа против Лех Познањ.

Поради одложен лет од Љубљана за Варшава, „пелистерци“ се приморани денеска да седат во Љубљана. Но, тоа не е причина за лошо расположение во тимот на Наџи Шенсои. Напротив, голманот Илче Петровски подготвен за шега, преку својот фејсбук профил, демонстрираше можност и за автостоп пат до Познањ. Ако е потребно…

Како и да е, експедицијата на Пелистер вечерва од Љубљана преку Франкфурт ќе лета до Варшава, а од таму со автобус до Познањ. Поради одложувањето на летот, откажан е и денешниот тренинг во Познањ.

Се вчитува...