ФОТО НА ДЕНОТ: После „петката“ – славење на Чаир… и неизбежното „селфи“!

Шкупи со 5:0 го совлада составот на Брегалница на својот „Чаир“. Лидерот покажа сила и со пет гола во мрежата на Денковски, доплнително се зацврсти на врвот на табелата.

Иако резултатот е убедлив, сепак, и штипјани имаа прилики, особено во вториот дел кога имаа и пенал, но Наумовски беше брилијантен на голот.

По мечот славје на теренот, но и на трибините. Тука беше неизбежното „селфи“, за кое е задолжен директорот Омер Буњаку.

Оваа сезона во „Чаир“ мириса на титула. Ако продолжат вака, тогаш трофејот нема „каде да бега“.

Се вчитува...