ФОТО НА ДЕНОТ: Седи брат – јас ќе те „бранам“!

Повеќе од интересен момент забележа „окото“ на фоторепортерот на ЕКИПА на денешниот натпревар меѓу Брегалница и Победа во 17. коло од Втората лига – Исток во Штип.

Голманот на „сините“, младинскиот репрезентативец Давид Денковски е добро познат во македонските фудбалски кругови по својата кошаркарска висина од 2 метри и 3 сантиметри. Овој пат, при еден корнер на гостите, десниот бек на Брегалница, Тони Мирчевски се одлучи да застане пред Денковски во одбрана на првиот дирек од својот гол…

Се вчитува...