ФОТО НА ДЕНОТ: Тричко се врати дома…

Иван Тричковски е, без сомнение, домаќинот на македонската репрезентација во Кипар. Веќе четири години е дел од АЕК Ларнака, а ако се земе во предвид и периодот минат од 2009 до 2012 година во Енозис Паралимни и во АПОЕЛ, јасно е како Кипраните го чувствуваат еден од најдобрите офанзивци на Островот.

Популарниот Тричко е екстра-популарен на Кипар, вистински миленик не само на фановите на актуелниот негов клуб АЕК Ларнака туку и на безмалку сите искрени љубители на фудбалот во Кипар.

Па, не чуди што денеска беше пречекан со воодушевување од сите во Никозија кои се редеа да му го честитаат историскиот успех и пласманот со Македонија на ЕП 2020. Така беше и пред тренингот на националниот тим.

Се вчитува...