ФОТО НА ДЕНОТ: Цело семејство Талески навива за Некар Левен во Скопје

Салата „Јане Сандански“ е преполна со навивачи на Вардар, но на „црвено-црните“ трибини во очи паѓа групата на фанови во дресови на Некар Левен.

Не станува збор за Германци, туку за членови на семејството на Филип Талески, македонскиот репрезентативец што настапува за шампионот на Германија. Кога се укажа можност Талески повторно да заигра во Скопје, јасно е дека неговите најблиски едвај чекаа да го видат македонскиот бисер на дело во Лигата на шампионите

Се вчитува...