ФОТО НА ДЕНОТ: „Војната“ пред „Олд Трафорд“

Полицијата во Манчестер денеска имаше полни раце работа откако навивачите на Јунајтед влетаа на теренот на „Олд Трафорд“ неколку часа пред големото дерби со Ливерпул, изразувајќи го незадоволството од раководењето на американските газди и барајќи нивно заминување од клубот.

Над 200 фанови останаа повеќе од еден час на теренот, додека голем дел од оние останатите пред стадионот се судрија со полицијата, која спречи тотален хаос.

Почетокот на мечот што беше закажан за 17.30 часот е одложен за најмалку два часа, а Премиер-лигата се уште официјално ги нема потврдено најавите дека овој дуел ќе стартува во 19.30.

Се вчитува...