ФОТО: Пандев и Стојков нема што многу да видат на мечот во Струмица

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев од трибините на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица го следи натпреварот на својот клуб, Академија Пандев против Вардар во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Пандев, во друштво на поранешниот репрезентативен соиграч Аце Стојков, го следи натпреварот. Но, факт е дека прославените имиња на македонскиот фудбал немаат некоја посебна „понуда“ од актерите на теренот. Бледо издание на двете екипи и согласно на тоа резултат без погодок по еден час игра.

Се вчитува...