ФОТО: Швеѓаните чудно се мотивираат пред ЛШ – „Да се здроби Вардар“!

Шампионот на Шведска, екипата на Малме ги стартуваше финалните подготовки за пресметката со македонскиот шампион Вардар во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Малме денеска на тренингот во својата база добија и специфична мотивација за натпреварот со Вардар… Пред тренингот ги пречека транспарент „Да се здроби Вардар“!? Дали ќе успеат во тоа, сепак, ќе покаже теренот на 12. јули на „Сведбанк арената“ во Малме.

А, како што е познато од претходно за дуелот со македонскиот шампион веќе се продадени околу 15.000 билети. Капацитетот на „Сведбанк арена“ за меѓународни натпревари е 21.ооо седиште.

Се вчитува...