Фотогалерија: Аеродромски „ѕид“ за „центарци“ во Кале

МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога на вечното дерби со Работнички, на кое „штрковите“ од Аеродром уште еднаш ја потврдија надмоќта во однос на ривалите од „Градски Парк“. Триумфот е токму онаков каков што најмногу посакува тренерот Александар Петровиќ, со цврста игра во одбраната, со која Работнички беше задржан на само 47 постигнати поени.

МЗТ одигра беспрекорен меч, носен на крилјата на големиот триумф во АБА над Студентски Центар, додека кај Работнички повторно очигледен беше недостигот на лидер, играч кој токму на вакви натпревари ќе ја преземе одговорноста во нападот.

Дерби шмекот го вратија и навивачите на двата клуба, популарните „сити парк бојси“ и „фемили“ кои потсетија на некои подобри времиња на македонската кошарка.

 

Се вчитува...