Фотогалерија: Кој е тука шампион?

МЗТ Скопје не само што реди порази во АБА-лигата, „штрковите“ не личат ниту на екипа што е актуелен шампион на Македонија. Тоа вечерва на најдобар можен начин го искористи тимот на Блокотехна, кој знаеше како да ги искористи слабостите што МЗТ ги покажува цел месец, целосно да доминира среде Аеродром и на крајот да забележи апсолутно заслужена победа.

Тимот од Гевгелија можеби е дебитант во македонското првенство, но со стабилноста, зрелоста и квалитетот дефинитивно покажува потенцијал за да се вмеша во битката за висок пласман во вториот дел од сезоната.

Што се однесува до МЗТ Скопје, уште една средба што е тотално промашување, со одбрана под секој просек, а во нападот повеќе шутеви за три (37) отколку за два поени (36). Спасојевиќ дебитираше и се вклопи во сивилото, се уште се чека Мавра, но прашање е колку и хрватскиот бек ќе успее да ги разбиди „штрковите“ од летаргијата во која паднаа по еуфоричната победа на стартот од АБА-лигата над Партизан.

[new_royalslider id=”829″]

Се вчитува...