ФОТОГАЛЕРИЈА: Мундијалскиот сон живее: Белгија е силна, но не е баук

Македонските фудбалери ги продолжуваат подготовките за важните октомвриски битки против Белгија и Казахстан, кои може да се покажат клучни за „црвено-жолтите“ во обидите да се исполни големиот сон – Македонија да заигра на еден фудбалски мундијал.

Прв испит е оној најтешкиот – гостувањето во Гент во кое Белгија ќе ја има фавортиската улога, но избраниците на Милевски низ годините покажаа дека се и повеќе од способни да ги замрсат сметките на најсилните светски репрезентации.

Белгија е силна, но не е баук, го покажавме тоа на дуелот во Скопје, зошто да не го повториме и во Гент…

Се вчитува...