ФОТОГАЛЕРИЈА: Стрелците на дербито свесни – Кога едните промашуваат, другите ќе казнат!

Шкупи и Вардар одиграа интересен натпревар на стадионот на Тренинг центарот на ФФМ, на крајот со поделба на бодовите во 16. коло од ПМФЛ.

„Вардарци“ беа многу поблиску до победата, но не искористија бројни шанси. Иако први поведоа со голот од пенал на Дарко Мицевски во 77. минута, на крајот добија казна за промашувањата од Дембо Дарбо со гол во 89. минута за конечни 1-1.

Па, на крајот, се чини, и двајцата стрелци на дуелот сосема свесни за ситуацијата која е честа во фудбалот: „Кога едните промашуваат – другите секогаш казнуваат!“

 

Се вчитува...