Екипата на Тотенхем продолжува да потфрлува во Премиерлигата, и сега во моментов Томас Франк има најсериозни шанси да добие отказ во Премиерлигата. Вчера тимот од „Вајт Харт Лејн“ доби сериозен шамар од Фулам кој славеше со 1:2 на гостувањето, а ова е трет пораз по ред во дербијата на Лондон, откако претходно загубија од Челси и од Арсенал.
Исто така Франк на последните девет натпревари како менаџер во сите натпреварувања запиша само две победи. Во Премиерлигата тимот нема победа повеќе од две месеци, последен пат на 26. октомври против Евертон (0:3), а потоа како домаќин во ЛШ го совлада Копенхаген, и тоа е се на последните 10 меча.
Тотенхем во исто време е еден од најлошите домаќини со скор 1-2-4, и има пет од можните 21 бод. Тотенхем на отворањето го победи Барнли со 2-0, и од тогаш веќе никого во Премиерлигата пред своите навивачи. Претходно на „Вајт Харт Лејн“ се радуваа Борнмут, Астон Вила и Челси.
Тотенхем е подобар на гости, затоа што го совлада тимот на Сити, потоа Вест Хем, Лидс и Евертон.
На сето ова треба да се додаде дека Тотенхем испадна од Лига купот од Њукасл, кому му гостува идното коло, и тука во голема мера може да се каже дека тој е клучен меч за иднината на Франк на клупата на лондонскиот тим. Франк дојде во Тотенхем на почетокот на сезоната заменувајќи го Енџи Постекоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

