Франција без проблеми против Чешка

Кошаркарската репрезентација на Франција стигна и до втората победа на олимпискиот турнир во Токио откако славеше над Чешка со убедливи 97-77. Чесите одлично го отворија мечот и по првата четвртина имаа предност од 28-22. Сепак, избраниците на Коле заиграа далеку подобро и со одлична серија во вториот период на пауза заминаа со предност од 51-40.

До крајот само рутински го приведоа мечот за конечни 97-77. Еван Фурние со 21 поен беше најефикасен поединец во победничкиот табор, додека кај Чесите се истакна Јан Весели со 19 поени. Во последното коло Франција игра со аутсајдерот Иран, додека Чешка ќе се сретне со САД.

Се вчитува...