Франција делува моќно, Македонија губи 14-9 на полувреме

Македонија има негатива од пет гола по првото полувреме од четвртфиналниот дуел со Франција (14-9). Цврстата одбрана на светските шампиони им создава огромни проблеми на нашите младинци, кои немаат ниту енергија по пренапорниот синоќешен дуел со Алжир.

Томовски имаше неколку добри одбрани на почетокот, голманот е сосема солиден во ова прво полувреме, но проблемите во нападот се она што најмногу ја мачи Македонија во ова четвртфинале. Талески беше на ниво на почетокот, потоа прецизен во два наврати беше и Велковски, но како што одминуваше времето така се зголемуваа проблемите во нападот на нашиот национален тим.

Во ритам влезе францускиот голман Мејер, имавме и неколку загубени топки што „триколорите“ лесно ги претворија во голови од контранапад, па пред крајот на полувремето и посериозно се одлепија. При резултат 12-8 се одбранивме два напади по исклучувањето на Кузмановски, но Франција сепак постигна два погодоци пред крајо на полувремето, еднаш прецизен беше и Талески, па на одмор се заминува со убедлива предност на Французите од 14-9.

Се вчитува...