Франција ја совлада Црна Гора и направи голем чекор кон полуфинале на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Франција направи голем чекор кон полуфиналето на Европското првенство во Австрија, Швајцарија и Унгарија откако денеска славеше против Црна Гора со 31-23 во меч од 2. коло од главната фаза.

Французинките подобро го отворија натпреварот и веднаш поведоа со 3-0. Во текот на целото прво полувреме го контролираа резултатот, а на пауза заминаа со позитива од четири гола 15-11.

Во вториот дел Французинките само рутински го привведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 31-23. Грејс Зади со седум гола беше најефикасна кај Франција, додека кај Црна Гора, Ивона Павичевиќ постигна шест погодоци.

Се вчитува...