Франција не чека во четвртфинале на СП (У21)

Репрезентацијата на актуелниот шампион Франција е првиот четвртфиналист на Светското првенство за ракометари до 21 година во Алжир и потенцијален следен противник на Македонија. Французите обезбедија пласман меѓу најдобрите осум по победата во осминафиналето против Фарски Острови со 28-25 (14-12) и во четвртфиналето го чекаат победникот од дуелот меѓу Македонија и Алжир.

Актуелните светски шампиони и први фаворити за новата шампионска титула потешко од очекувањата стигнаа до планираната осминафинална победа. Фарски Острови иако целосни аутсајдери во оваа пресметка покажаа голема борбеност и до крај држеа чекор со силната репрезентација на Франција, но сепак беа далеку од сензација.

Се вчитува...