Франција продолжува со строгите мерки: И по 20. април нема фудбал

И покрај првичните размислувања за продолжување на фудбалското првенство по 20. април, сепак Франција одлучи да продолжи со строгите мерки како превенција од коронавирусот.

Франција синоќа го имаше најцрниот ден од почетокот на пандемијата, па токму поради тоа државните власти се одлучија за продолжување на целосниот карантин на државата кој претходно беше предвиден до 15. април.

И од Лига 1 претходно размислуваа за продолжување на првенството на почетокот од мај, а од 20. април да се дозволи да продолжат тренинзите на клубовите, но сега сето тоа не доаѓа во предвид. Напротив, по последните случувања во Франција сега веќе се најавува дека шампионатот нема шанса да продолжи до крајот на месец мај.

Се вчитува...