Франција со кредити ќе ги спасува фудбалските клубови

Француската фудбалска лига прави се што е во нејзина можност да ги спаси клубовите по одлуката за завршување на шампионатот. Лига 1 е прва од најсилните првенства во светот која одлучи да го прекине шампионатот.

Со оваа одлука многу клубови се соочија со големи проблеми бидејќи останаа без планираната заработка од влезници, реклами и ТВ права. Како би излегле од кризата владата на Франција ќе овозможи висина на кредити за клубовите до 225 милиони евра, со кои би требало да се покрије загубата од телевизиските права.

„Собраните на Француската фудбалска федерација го усвои заклучокот со кој ќе побара државна гаранција за кредити за клубовите за сума која требаше тие да ја добијат од телевизиските права. Тоа ќе им помогне на нашите клубови да ја надминат кризата“, стои во соопштението од Француската фудбалска федерација. 

Првенството на оваа земја беше прекинато на десет кола до крајот, а за шампион беше прогласен Пари Сен Жермен.

Се вчитува...