Франција со убедлива победа над Ј. Кореја го стартуваше Светското првенство за жени

Репрезентацијата на Франција со убедливи 4-0 ја совлада Јужна Кореја во премиерниот меч на Светското првенство за жени.

Домашните фудбалерки до водство стигнаа уште во 9. минута со голот на Јуџин ле Сомер. На 2-0 зголеми Венди Ренар во 35. минута, а истата фудбалерка го постигна голот за 3-0 во судиското продолжение во првиот дел. Конечните 4-0 ги постави Амандин Анри во 85. минута.

Утре на програмата се три натпревари во кои се среќаваат Германија-Кина, Шанија-Јужна Африка и Норвешка – Нигарија.

Се вчитува...